| четврток, 6 декември 2018 |

Сидорф: Го напуштив Милан поради Алегри

Холандскиот фудбалер Кларенс Сидорф за една бразилска телевизија откри зошто го напуштил Милан.  По десет години поминати меѓу „росонерите“, Сидорф во 2012 година го напушти тимот.

– Причината поради која го напуштив Милан беше нивниот сегашен тренер Масимилијано Алегри. Нашиот однос не беше најдобар, не се согласувавме. Ме пушташе да ги играм големите натпревари како против Барселона и Јувентус, а потоа ме оставаше на клупа следните четири, а јас бев навикнат да играм цело време – рече Сидорф.

– Кога го освоивме „Скудетото“ мислев дека го дадов мојот допринос. Милан имаше играчи кои остануваа и откако остареа. Можеби не изгледаше како да сум 100 проценти подготвен, но на моите години морате да играте редовно за да ги одржите мускулите во форма. Пример за тоа се Пол Сколс и Рајан Гигс, кои продолжија да играат, а мене Алегри не ми дозволи – додаде Сидорф.

Денеска холандскиот фудбалер е член на бразилскиот клуб Ботафого.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top