
Вкупно 259 кандидати, што претставува рекордна бројка, се номинирани за годинашната Нобелова награда за мир, соопшти денеска Нобеловиот институт со седиште во Осло, Норвешка. Од вкупниот број кандидати, 209 се поединци, а 50 се организации. Добитникот ќе биде познат во октомври.
Потпаролот на Институтот, Геир Лундстад информира дека номинации стигнале од целиот свет, што, според него, укажува на зголемување на интересот за оваа награда.
Претходниот рекорд за номинирани за Нобеловата награда за мир беше постигнат во 2011 година, кога биле номинирани 241 кандидати.
Меѓу останатите, на списокот на номинирани за наградата за оваа година се наоѓаат и Малала Јусафаи, Пакистанка која стана симбол на отпорот кон талибанците и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


