Четиринаесет сообраќајни несреќи се случиле во изминатите 24 часа во Скопје, од кои три со последица тешки телесни повреди, а пет со полесни. Во шест незгоди е регистрирана материјална штета.
Првата незгода со тешки телесни повреди се случила во 7 часот и 30 минути на ул. „Киро Фетак“ во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „фолксваген комбе“ со штипски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле пет лица.
Втората незгода се случила во 17 часот на ул. „Јустинијан Први“ помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.
Третата сообраќајна незгода се случила во 21 часот и 15 минути на бул. „Никола Карев“ во која учествувале патничко моторно возило „фиат линеа“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и велосипед, управуван од граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повредни се здобил велосипедистот.
Со полесни повреди во пет сообраќајки се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца пешаци и патник во автобус.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште осум незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се санкционирани 28 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив пет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, девет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, 12 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 11 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 19 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 51 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.