| четврток, 6 декември 2018 |

Јахтата на Стив Џобс заглави на пристаниште

Новата јахта на основачот на Apple, Стив Џобс, која беше порачана пред неговата смрт не може да ја напушти Холандија заради спор кој излезе околу нејзиното плаќање.

Јахтата наречена Venus по римската божица на љубовта, убавината, сексот и плодноста, беше изработена во соработка со францускиот дизајнер Филип Старк. Холандските медиуми известуваат дека Старк ангажирал агенција за наплата на долгови и преку нив издејствувал правна забрана за јахтата да исплови од пристаништето каде што е закотвена во моментов.

Според она што го пишуваат медиумите, јахтата на Џобс чинела 105 милиони долари, но неговите наследници исплатиле само шест милиони долари.

Инаку Џобс и самиот зборувал дека веројатно нема да доживее да ја види јахтата во својот целосен изглед, што и навистина се случи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top