| четврток, 6 декември 2018 |

Таламаска повторно во Скопје

Францускиот диџеј Таламаска повторно ќе настапува во Скопје, овојпат на 4 октомври со почеток во 22 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски” .

Поводот за гостувањето на Таламаска во Скопје е промоција на неговиот нов албум “Левел 9”, кој неодамна го издаде еминентната издавачка куќа DACRU RECORDS.

Францускиот волшебник, како што го нарекуваат ширум Европа, најавува повеќе часовен настап со кој ќе ги забавува Скопјани. Инаку, се работи за еден од најголемите диџеи во светот на транс музиката, диџеj кој е многу добро познат на Македонската публика, која на овој негов настап, покрај промоцијата на новиот албум, може да очекува да ги слушне и сите негови најдобри “траки”.

За журката да биде уште поголема, обезбедена е и домашна поддршка од диџеите: DARE, SOUND KILLAH, DEJAN DOGY.

Картите  се пуштени во предпродажба во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на  Купи карти за се, во ограничен број по промотивна цена од 300 денари, а потоа 400 денари,

Настанот е во организација на Сан Продакшн

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top