Генетско истражување прави пат кон „нова ера“ на психијатријата, тврдат истражувачи, а тоа вклучува и целосно нов поглед на шизофренијата.
Шизофренијата не е една болест, туку осум различни, поделени со нивните генетски профили, се тврди во новата студија.
Истражувачите ги прегледале генетските податоци на 4.200 лица со шизофренија заедно со ДНК на 3.800 луѓе со оваа болест. Лицата кои слушале гласови кои не постојат, поврзани се со еден генетски профил, додека оние кои неразбирливо и збунето говореле поврзани се со друг.
Претходни студии кои трагаа по еден ген кој стои зад шизофренијата беа релативно неуспешни, тврди експертот. Наместо тоа, во игра се наоѓаат комбинација на гени.
Просечна личност има шанса од еден отсто да заболи од шизофренија, но генетиката може да помогне да се предвидат шансите на поединецот за добивање на оваа болест.
Во тој случај би било можно да се преземат одредени рани акции за да се спречи напредувањето на болеста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.