| четврток, 6 декември 2018 |

(АНКЕТА) Граѓаните веруваат дека Петров е кандидат на СДСМ за Карпош

[poll id=”12″]

Граѓаните веруваат дека Андреј Петров ќе истрча на локалните избори како кандидат за градоначалник на СДСМ. 41 процент од оние што одговориле на нашето анкетно прашање кој ќе биде кандидат на опозицијата на локалните избори во општина Карпош се изјасниле дека тоа ќе биде Петров. 26 проценти верувале дека СДСМ ќе му дозволи нивниот дрес да го облече Стевче Јакимовски, кој и покрај тоа што СДСМ сакаше да ги бојкотира изборите, се пријави како кандидат на Србите. 20 проценти од оние што се изјасниле на нашето прашање сметаат дека не се во игра ниту Петров ниту Јакимовски, туку СДСМ ќе излезе со трет кандидат. 13 проценти, пак, немаат мислење

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top