Зоран Заев пред неполн месец изјави дека не му верува на македонското судство. Тоа го повтори и адвокатот од тимот на неговата одбрана кој барем во јавноста го застапуваше Мирослав Вуиќ. Но главен адвокат на Зоран Заев е Филип Медарски кој го бранеше Заев во судскиот случај и тужбената постапка со Груевски за Македонска банка.
Интересно е што Заев не му верува на судството во кое мајка му на адвокатот кој го брани е обвинителка, а сестра му судија. Имено, мајка му е Елица Медарска обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопруга на Филип Медарски му е Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд 2 која пак е ќерка на Ристе Спасов, секретарот на судот. Значи мајка му на Медарски обвинува, а жена му пресудува. Неговата сестра, пак, работи во одделот за прием на тужби за Република Македонија во Стразбур. Од ова произлегува дека најтесната фамилија на адвокатот на Заев е добро распоредена во судските кругови, дели правда и е дел од судскиот систем во кој Заев не верува.
Меѓу другото дознаваме и дека мајката и сопругата на Медарски напредувале во своите кариери и тоа токму во периодот скоро, што се поставува прашањето ако судството беше зависно и не може да му се верува тогаш како роднините на адвокататот на Заев се на толку високи позиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.