Од денеска почна исплатата на паричната помош во висина од 15.500 денари за семејставата кои претрпеа штета во поплавите што го зафатија источниот дел на земјава.
За ова денеска информираше вицепремиерот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Тој рече дека, бидејќи се работи за поголеми оштетувања, ќе биде потребно подолго време до конечната изработка на извештаите.
– Владата се реши да даде и првична помош во готовина која ќе биде уплатена на сметка на секое семејство во поплавените куќи – рече Ставрески додавајќи дека оваа помош ќе биде уплатена на трансакциската сметка на највозрасниот член во семејството.
Информираше дека процесот на исплата на првичната помош во висина од 15.500 денари почна утрово и дека околу 650 семејства уште денеска ќе ја добијат оваа првична парична помош.
Напомена дека овие средства ќе бидат искористени како првична помош, а оти понатаму Владата излезе во пресрет со обезбедување покуќнина и други видови помош за настраданите семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



