Мал спортски авион се урна во Словенија при што три лица загинаа, а четвртото се здобило со сериозни повреди, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила при полетување од спортскиот аеродром Дивач, на 80 километри јужно од Љубљана. Во авионот имало пилот и тројца патници.
Очевидци раскажуваат дека со едното крило авионот удрил во пистата по што се запалил.
Словенечката државна телевизија соопшти дека авионот бил во сопственост на локален аеро-клуб и оти со него управувале пилоти на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


