Германската дога Зевс од Мичиген, која беше прогласена за највисоко куче на светот, почина минатата недела, јавија медиумите.
Неговиот сопственик Кевин Дорлаг вели дека Зевс починал многу брзо по петтиот роденден. Ова гигантско куче беше високо 111 сантиметри.
Дорлаг вели дека Зевс бил одлично куче кое нему и на неговата сопруга Денис посебно им недостига.
Зевс бил за само еден сантиметар повисок од поранешниот рекордер Џиновскиот Џорџ, кој бил висок 110 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.