Репрезентацијата на Франција во крајно неизвесен меч до самиот финиш на средбата дојде до третото место на светското првенство во кошарка кое утре завршува со финалето во Мадрид.
Иако Литванија водеше го голем дел од мечот а во последните неколку минути влезе со 5 поени предност сепак на крајот со неколку одлични акции на НБА играчот Борис Диав Франција успеа да дојде во ситуација да победи со 95 спрема 93.
Во драматичната разврска Литванија на 18 секунди до крајот од 6 успеа да дојде на само 1 поен разлика по што триколорите поентираа од слободни фрлања и на противниците им овозможија со тројка да го изедначат резултатот.
Во последните десетина секунди сепак играчите на Франција успеаа да ги дадат сите слободни фрлања, инаку вкупно за 17 секунди беа шутнати 26 слободни фрлања, и дојдоа до победата против незгодната Литванија.
Финалните 30 секунди инаку се играа повеќе од 18 минути. Победата на Французите им ја донесе пред се одличниот процент за шут за два поени , погодина дури 25 од 37 обиди а Литванците беа одлични на линијата за еден поен каде погодија 24 од 28 обиди.
Литванија имаше и 5 скока повеќе од Франција но тоа не беше доволно за победа. Најмногу поени 27, кај победниците постигна Николас Батум (Диав 15, Ловерн 13) а кај Литванија најефикасен беше Валанчиунас со 25 поени (Јускевичиус 14, Сеибутис 13) кој изигра фантастични 37 минути.
Утре во 22 часот во Мадрид за златото ќе играат САД и Србија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


