| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн и Борусија Дортмунд сигурно газат од стартот во Бундеслигата

Фаворитите за титулата во Бундеслигата Баерн Минхен и Борусија Дортмунд сигурно газат на стартот од новото издание на елитното натпреварување во Германија, а победите во третата рунда попладнево ги задржаа на врвот.

Баерн со 2-0 го победи Штутгарт, со головите на Геце и на Рибери, а „милионерите“ во Дортмунд лесно го надиграа Фрајбург со 3-1. Стрелци беа Рамос, повратникот Кагава и Обамејанг. За Фрајбург погоди Сорг во самиот финиш.

Епитетот изненадување во Бундеслигата од лани пак го потврдува Мајнц, а во тимот во Берлин против Херта го немаше нашиот Николче Новески. И без него Мајнц победи со 3-1. Во двата преостанати дуели од 15, 30 часот Хофенхајм и Волфсбург ремизираа 1-1, а без победник, но и без голови заврши дуелот меѓу Падерборн и Келн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top