| четврток, 6 декември 2018 |

Според Интерпол, најмногу се мести во Кина и на Балканот, чист ли е македонскиот фудбал?

Претставникот на Интерпол, Џон Абот ги посочи Кина и земјите од Балканот како клучни жаришта во фудбалските местенки, што е рак-рана во модерниот спорт. На светската конвенција одржана во Манчестер, претсатвниците на Интерпол објавија дека тригодишната темелна истрага покажала дека натпревари се местат во 60 до 80 земји на планетата, а најтешка е ситуацијата во Кина и на Балканот.

– Ова е само врвот на ледениот брег. Во Европа постои најмалку еден клуб кој директно е во канџите на мафијата. Неодамна имаше огромни уплати на пари на меч што воопшто не се играше, а беа вмешани португалски и шпански клубови. Фудбалската мафија гази сѐ пред себе. На неверојатно дрзок начин имаше обиди да се местат натпревари и во младинските категории и тоа на Европско првенство. Најтешка е состојбата во Кина и на Балканот – изјави Емануел Медеирос, престедател на Светскиот центар за безбедност во спортот.

Сомнителни мечеви на кои посочуваа и од УЕФА имаше и во Македонија, а прилепска Победа заработи 8-годишна суспензија за наместениот меч против Пјуник во рамките на квалификациско коло од Лигата на шампионите. Можно е на долгата листа на Интерпол за вмешаност во нелегални работи да бидат и наши клубови, а Македонија сѐ уште го нема потпишано „Кодексот против местење во фудбалот“ што го прифатија и потпишаа 150 клуба од 9 европски држави.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top