| четврток, 6 декември 2018 |

Рики Мартин и Јан Торп во љубовна врска?!

На интернет почнаа да се шпекулира дека Рики Мартин е во врска со австралијанскиот пливач Јан Торп. Така  барем тврди водителот Питер Форд  кој на својот „Твитер“ профил објави дека пејачот е во љубовна врска со пливачот.

Како  што се  зборува, новата  двојка  својата врска ќе ја разоткрие во еден магазин.

Јан Торп за сега непознатиот магазин треба да даде изјава за себе и за своето познато момче и тоа за хонорар од 500 илјади долари.

Ова не е прв пат медиумите да ги поврзуваат пејачот и пливачот. Откако Јан отворено проговори за својата сексуална определба, Рики  по пат на „Твитер“ му упатил поддршка.

Во последно време се  зборува дека  Мартин поминува многу време во Австралија, а тоа е причина плус за уште повеќе гласини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top