| четврток, 6 декември 2018 |

Рики Мартин „се возбуди“ на својот концерт во Мексико (Видео)

Латино ѕвездата Рики Мартин повторно стана хит на социјалните мрежи, но не поради некоја своја песна или поради некој оригинален настап, туку поради една типично машка незгода, која му се случи на синоќешниот концерт во Мексико.

Имено, за време на танцувањето, пејачот во еден момент доби спонтана ерекција, па мораше со насмевка да и го сврти грбот на публиката. Но, и покрај насмевката, сите забележаа дека не му е сеедно и дека е засрамен.

Засега останува мистерија дали за незгодата е виновен некој од танчерите или соработниците или пак некое момче од публиката. Или пак се работи само за откопчан патент.

Како и да е, тој момент не и избега на камерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top