| четврток, 6 декември 2018 |

Дала осумдесет илјади евра за да го бакне Рики Мартин: на пејачот му се слошило од неа (видео)

Бразилката Ана Паола Диниз даде 80.000 долари за бакнеж со познатиот латино заводник Рики Мартин.

 

Имено, како што објавија бразилските медиуми, Диниз, која е сопственик на Центар за домашни миленичиња, понудила највисока сума на аукцијата на еден хуманитарен собир во Сао Паоло.

Парите од аукцијата биле наменети за помош на лица заболени од СИДА.

riki 1

Пејачот од своја страна со жестокиот бакнеж се потруди да и се „исплатат“ вложените пари на Диниз, иако е општо познато дека Рики е хомосексуалец и во моментов е во врска со уметникот Јуан Јозеф.

– Знам дека сум атрактивен и за мажите и за жените. Сите ние сме луѓе со емоционални и сексуални потреби, изјави 44-годишниот Рики, кој и покрај годините изгледа многу подобро и од некои негови помлади колеги.

Рики призна дека е хомосексуалец во 2010 годна, а четири годни подоцна откри дека чувствува вистинско олеснување. Пејачот има и две деца кои ги роди сурогат мајка – седумгодишните близнаци Матео и Валентино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top