Оваа фолк пејачка на социјалните мрежи објавила фотографии на кои ја покажа сличноста.
Ана Бекута го обвини пејачот Рики Мартин дека и ја украл идејата и дека на ист начин како и таа се фотографирал за својот сајт.
Бекута на Инстаграм објавила фотографија составена од неколку нејзини и неколку фотографии од Рики со цел да направи споредба, но тоа што следеше е малку да се рече урнебесно.
Ана до споделената фотографија напишала коментар:„Јас во 2007 година,а Рики дури неодамна се фотографираше во када “.
Социјалните мрежи буквално прегореа од коментари на адреса на пејачката, а работата отиде дури до таму што некои и порачуваа да ја смени терапијата, да намали со алкохолот, конечно да си набави очила….и секако предлог петиција Рики да и се извини на Ана што ја копира во када.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.