| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на жртви на еболата надмина 2.400 лица

Бројот на лица што починаа како последица на инфицираност од вирусот на еболата надмина 2.400, додека во исто време се регистриани вкупно 4.784 луѓе заболени од оваа болест, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Бројот на смртните случаи од ебола расте побрзо од темпото на зголемувањето на способноста на властите за соочување со епидемијата – изјави генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан.

Таа воедно повика на меѓунардона поддршка за државите што се најтешко погодени од еболата – Гвенија, Сиера Леоне и Либерија и апелираше за испраќање на медицински тимови и лекови во овие три земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top