Малолетно девојче од Кочани се обидело да си го одзеде животот откако испило поголема количина лекови. 14-годишното девојче се решило на таков чекор бидејќи претходно нејзината мајка ја искарала зашто без дозвола потрошила 10.000 денари од нејзината кредитна картичка.
Девојчето, како што јавува штипската телевизија „Стар“, итно било префрлено во штипската болница каде што лекарите успеале да му го спасат животот.
Истиот ден уште една жена се обидела да се самоубие со апчиња, но, за среќе, не испила количина која може да биде фатална за нејзиното здравје. Штипската телевизија јавува дека за три дена во Штип и регионот се регистрирани дури пет обиди за самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.