Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги негираше тврдењата дека за време на руската анексија на Крим, со поддршка на Москва, планирал да прогласи отцепување на српскиот ентитет од Босна и Херцеговина.
Ваквата изјава претставува реакција на тврдењето на Бодо Вебер од берлинскиот Совет за политика на демократизацијата, кој за Радио Слободна Европа рече дека Додик планирал да ја отцепи Република Српска од БиХ за што бил инфомиран „целиот западен дипломатски кор“, но дека од таквата намера го одвратил српскиот премиер Александар Вучиќ.
– Тој господин би требало да престане со лагите. Верувам дека господинот Вебер е добро инфомиран и дека сето она што го изрече претставува извртување и подметнување -изјави Додик за белградскиот весник „Данас“.
Според Додик, ваквите обвинувања се „дел од хистеријата“ што се прави на Западот во врска со Русија и со Кина.
– Реублика Српска има свој концепт и во согласност со процените што ги имаме би можеле да тргнеме во тој правец (кон отцепување), но наша примарна цел е да ја зајакнеме автономијата на Република Српска и тоа е чиста приказна -нагласи Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Додик: Република Српска следната година ќе добие нов Устав
-
Додик: Србија и РС ќе бидат заедно во државна и територијална смисла
-
Радован Караџиќ за годините во бегство и како стана доктор Давид Дабиќ: Ги гледав додека ме бараа
-
Ја одмина: Додик одби да се ракува со амбасадорката на САД во Сараево (Видео)