Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ вели дека се повлекол од политиката по договорот со американскиот дипломат Ричард Холбрук, под гаранција дека ќе биде оставен на мира, за потоа американците да го прекршат договорот. Тој во интервју за белградски „Вечерње Новости“ открил дека довоторот со Холбрук требало да остане тајна, а тој требало да се повлече од јавниот живот. Во годините додека се криел, вели дека на почетокот слободно се движел по Република Српска, мислејќи дека гаранцијата ќе биде одржана.
– Полека почнаа да стигнуваат порaки до мене дека ветувањето кое ми беше даденo нема да биде исполнето како и дека НАТО преферира моја ликвидација отколку апсење, бидејќи не знаеле со што се јас можам да и откријам на јавноста, истакнал Караџиќ.
Тој додал дека за овие намери по неговиот живот има и аудио снимка од Карла Дел Понте која ги потврдува.
Караџиќ раскажал дека недалеку од куќата во која живеел била пронајдена опрема за надгледување и оружје, а во тие моменти бил сигурен дека наскоро ќе биде разоткриен.
– Најсеризно стана кога многу се добилижија до местото каде престојував. Некое време ги гледав како ме бараа во околината. Имаше периоди кога претставниците на ОН беа многу блиску до мене, вели Караџиќ.
Тој додал дека откако бил потпишан законот за соработка со Хашкиот трибунал, им се заблагодарил на луѓето кои го обезбедувале и се разделил од нив за да не ја загрози нивната безбедност.
– Од тогаш живеев сам. Излегував најчесто навечер по нешто да купам и ако можам малку да прошетам. Кога дознав дека почнал да ги проверуваат становите за кои соседите тврделе дека се празни, почнав малку повеќе да изегувам, за да оставам впечаток дека таму сепак „живее некој чичко“.
Тој објаснил дека тогаш прв пат се појавил како Давид Дабиќ.
– Најпрво морав од 112 килограми да ослабам на 80. Почнав да носам друга облека, ролки, широки маици, тоа што не сум носел никогаш. Почнав да се интересирам за здрав начин на исхрана. Во тој момент немав пари, па почнав да држам предавања за здрава исхрана. Работев за некои компании, а потоа и како консултант на неколку приватни лекарски ординации. Завршив курс по парапсихологија, вели тој.
Во интервјуто, Караџиќ наведува дека се криел затоа што сметал дека хашкиот трибунал е како „разлутен бик“ од кој нема да има никаква одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.