Флувија Лејсерда (34) уште ја нарекуваат и „величина плус“ на познатата манекенка Жизел не само поради тоа што и двете потекнуваат од иста земја, туку и поради фактот дека многу брзо го освои светот и насловните страници на магазините како еден од најпознатите „величина плус“ модели.
Оваа убавица е родена во Рио де Женеиро, но со години веќе живее и работи во Њујорк како модел. За себе вели дека е „модел за величина плус, мајка и дека е опседната со модата“.
Таа работела за многу познати светски брендови, а била и на насловните станици на „Вог“, „Гламур“, „Латино“…Таа е првата манекенка со облини која ги красела страниците на „Плејбој Бразил“.
– Јас не сум само здрава жена, туку и жена која нема проблем со конфекцискиот број кој го носи. Сигурна сум во себе и имам многу самодоверба. Работата ја работам со страст и ја сфаќам сериозни, бидејќи јас сум олицетворение на телата на многу жени – вели Флувија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.