| четврток, 6 декември 2018 |

Пет правила на облекување за дами со облини

За полните жени добри се тесните фармерки, класичните, но дефинитивно најдобар избор се оние со висок струк.

monika-beluci-skarlet-johanson-eva-mendez-1417788778-52070

Иако сеуште не можеме да потврдите дека облините се во мода, топ брендовите во своите редови ги имаат ваквите девојки што наидуваме на фактот дека сме пред историска промена во модата која е  една од клучните фактори за обликување и дефиниција на убавината.

Денеска секако светот на најубавите и најпознатите припаѓа на дамите кои имаат облини: Скарлет Јохансон, Блејк Лавли, Ева Мендез, Моника Белучи, Ким Kaрдашијан, кои во голема мера го прославиа своето  тело со тоа што се далеку од слаби.

monika-beluci-1417715603-52043

Ако сте случајно дама со крупна градба, треба да ги знаете овие правила за стил

Фустан на преклоп или краток џемпер знаат во вистинска мера да ги изразат женските облини. Под џемперот може да носите кошула, тенка блуза или пак тенок фустан.

Можеби не ви изгледа на тој начин но на овие жени највеќе им лежат тесните , звонарки фармерки, поготово оние модели кои имаат висок струк.

Целосни панталони со висок струк, вискоза или свилена ткаенина може да изгледаат многу софистицирано и елегантно со класични потпетици и атрактивна блуза или џемпер.

kendal-dzener-eva-longorija-1417792080-52076

Ако сакате да создадете илузија на тенка половината на најдобар начин да го направите тоа е да додадете каиш во вашиот целокупен изглед. Без разлика дали ќе носите фустан, здолниште или панталони, каишот ќе ја истакне вашата половината на најбрз и најлесен начин.

kim-kardasijan-1398766714-34500

 

Клучен модел кај секоја жена со облини мора да го има е т.н “pencil” здолниште. Ако нешто научи Ким Кардашијан дека треба да остане верна на овој тип на здолниште, како свој омилен модел.

Извор: Runway.mk

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top