| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто мажите повеќе сакаат жени со облини?

Убавината и сексапилот можеби немаат врска со големината на телото, но во секој случај во голема мерка се поврзани со самодовербата, а жените што имаат поголема самодоверба се подобри во сексот.

Beyonce-Knowles-and-curves

 Еве десет причини зошто дамите со облини се сјајни во сексот:

Самодоверба

Големите гради и убавиот задник со кои мажите може да се позанимаваат не се единствената причина зошто ове жени се секси, туку затоа што тие се свесни за нивното женствено тело. Убавината и сексапилот можеби немаат врска со големината на телото, но во секој случај во голема мерка се поврзани со самодовербата, а жените што имаат поголема самодоверба се подобри во сексот.

И науката потврди

Научните истражувања покажуваат дека мажите се „програмирани“ така што ги привлекуваат жени со облини. Кој би можел да и одолее на фигурата која наликува на песочен часовник?!

Здрав (сексуален) апетит

Ништо не е посексапилно од жената која знае да ужива!

Животот е краток

За да го поминете со девојка која е опседната со бројот на калории и која по сексот ќе разговара за новата диета.

Големи гради

Немаат сите девојки со облини големи гради, но воглавно тие имаат поголеми од манекенките. Исто така, мора да се напомене дека не е се во градите, но не е на одмет ако девојката има убави гради.

Задник

Ако мислите дека Ким Кардашиан измамува воздишки кај посилниот пол, само затоа што носи тесен фустан, тогаш грешите. Тоа најверојатно е така, затоа што за мажите потсвесно тоа е знак дека жената е со подобро репродуктивно здравје.

Фокус врз забавните нешта

Дамите со облини нема да трошат време за да навлечат три броја помали фармерки на нив, туку на многу позабавни нешта – нови секс пози, разгорување на страстите….

Удобност

Ќе се согласите, бујните гради на заоблените девојки се идеално место на кое можете да ја потпрете главата по добрата акција…

Тие се вистински супермодели

Ако подобро размислите ќе сватите дека заоблените девојки со векови наназад биле синоним за убавина и сексапил – се додека модната писта не ја превземаа „скелетите“.

Познати дами со облини

Бијонсе, Џенифер Лопез, Ким Кардашиан, Кели Брук…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top