| четврток, 6 декември 2018 |

Туморот и го уништил олимпискиот сон, но таа ја победила болеста и станала топ-модел

amy-2-620x350

Австралискиот модел Ејми Пејковиќ открила дека нијзиниот олимписки сон бил унипшен кога донзала дека има тумор на мозокот на свои 19 години. Професионалната скокачка во височина морала да биде оперирана, а за среќа докторите тоа го направиле успешно.

– Кога дознав само седев и збор на кажав 10 минути. Гледав во мојата мајка како разговара со докторите, раскажала Ејми.

Таа се присетила како ја облила ладна пот кога на снимката на нејзината глава докторите и покажале голема темна дамка.

amy-6

Тoкму во тој период таа се спремала за настап на Олимписките игри, а истовремено работела и како фото модел.

– Никогаш не сум била така скршена како тогаш. Но сепак, не се предадов, додала таа.

Тогаш почнала нејзината борба, а во заздравувањето минала напорни тренинзи за да се врати во топ форма затоа што по операцијата изгубила 10 килограми и била преслаба.

amy-1

– Се сеќавам дека едвај стоев на нозе кога излегував од болница.

Нејзиниот труд на крајот се исплател. Таа, најважно од се, сега е здрава и се надева дека ќе ја претставува Австралија на  Олимписките игри во Токио во 2020. Сега работи како модел, и тоа многу успешно, и ги краси насловните страни на многу магазини.

amy-5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top