| четврток, 6 декември 2018 |

Жолтицата се прошири меѓу средношколци, студенти и во градинка

infektivna klinika

Осум нови случаи на жолтица за еден ден се пријавени во Центарот за јавно здравје – Скопје.

Меѓу новозаразените има еден средношколец, еден студент, двајца ученици од Шуто Оризари и едно дете што оди во градинка во истата општина. Двајца заболени заразата ја добиле преку контакт со нивни близок, кој веќе бил заболен. Ваков случај е регистриран во општините Илинден и Бутел.

Прв случај на жолтица е регистриран и во скопската општина Сопиште.

Другите заболени се од Шуто Оризари, Чаир и Центар. Со новите случаи од почетокот ан епидемијата во главниот град со хепатит А се регистрирани вкупно 132 лица.

Екипи од скопскиот Центар за јавно здравје се постојано на терен и вршат дополнителна дезинфекција во училиштата и на домовите каде што има заразнено по неколку членови од едно семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top