Во Штип утре ќе дојдат епидемиолози од Скопје поради епидемијата од жолтица што е прогласена во градот.
Директорот на Центарот за јавно здравје Велик Грков изјави дека засега не може да се утврди причинителот на заразното заболување и затоа утре на помош ќе им пристигнат колеги од Институтот за јавно здравје од Скопје.
Портпаролот на Клиничка болница – Штип Марина Шуманска рече дека од 1 август до денеска се хоспитализирани 22 пациенти на Инфективното одделение во Штип.
Бројот на заболени пациенти на различна возраст од ден на ден се зголемува. Основните и средните училишта, како и градинките веќе добиле посебни препораки од ресорните министерства.
Зголемена е хигиената во градинките, а денеска почна и дезинфекција во основните и средни училишта во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.