| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанците „четуваа“ на Фејсбук, Французите играа кошарка (фото)

Шпанските медиуми остро ги критикуваа нивните кошаркарски „ѕвезди“ по тешкиот пораз и елиминација од Франција во четврт-финалето на СП, чии домаќини се. Особено критиките станаа остри кога беа објавени фотографии за време на загревањето непосредно пред дуелот со „триколорите“ на кои неколку шпански кошаркари гледаат во своите телефони.

„Важно си проверија што има на Фејсбук, што се посрамотивме против Франција не е толку значајно“, е коментарот на еден од шпанските портали.

fejs

Калдерон, Љуљ, Родригес и Рејес се фатени на дело со телефоните в рака, а на „спиење“ под обрачите нешто подоцна ги фати Франција. Триколорите направија сензација и славеа со 65-52, иако во фазата по групи загубија од Шпанија со убедливи 64-88.

fb

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top