| четврток, 6 декември 2018 |

Трета победа на Вардар во СЕХА-лигата

rakometari-rk-vardar-radostШампионот на СЕХА-лигата, Вардар, синоќа во Бања Лука ја постигна и третата победа во ова натпреварување. Вардарци го совладаа домаќинот Борац со 31:22 (15:9).

Домашните ракометари беа рамноправен ривал само во првите 15 минути до резултат – 5:5, а Вардар потоа направи серија од 4:0 за водство и воедно за нова победа. Најефикасен кај Вардар беше Добивое Марковиќ со 7 гола, додека Страхиња Милиќ имаше 15 одбрани.

„Црвено-црните“ на овој натпревар настапија без Арпад Штербик и Блаженко Лацковиќ.

Покрај овој натпревар, вчера Раднички и Војводина одиграа нерешено 24:24. Денеска се игра натпреварот меѓу Мешков Брест и Нексе.

На чело на табелата се унгарски Веспрем и Вардар со по 9 бода, додека Металург од два натпревара има три бода.

В сабота се игра дерби-дуелот на водечките екипи, Вардар ќе гостува кај Веспрем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top