| четврток, 6 декември 2018 |

Пукано во седиштето на ДУИ во Тетово

dui-460x272

Вчера, околу 22 часот, на улица Љуботенска, во непосредна близина на изборниот штаб на ДУИ во тетовска Мала Речица, непознати сторители од возило во движење испукале 4-5 куршуми, најверојатно, од гасен пиштол и веднаш заминале, пишува „Вест“.

Според информациите на весникот, полициски службеници на СВР Тетово за кратко време пристигнале на местото на пукањето, но не се пронајдени празни чаури, ниту се регистрирани оштетувања на околните објекти.

Полицијата презема мерки и активности за целосно расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top