| четврток, 6 декември 2018 |

Франција се соочува со економски и финансиски проблеми

ajfelova

Франција се соочува со сериозни економски и финански проблеми. Министерот за финансии на таа земја Мишел Сапан, придружуван од министерот задолжен за буџетот Кристиан Екер, изутринава ги претставија прогнозите за економскиот раст, инфлацијата и јавниот дефицит за 2014 и 2015 година. Министрите беа директни: ниту една од зацртаните цели на владата и претседателот Оланд нема да бидат исполнети.

Во францускаат државна каса ќе се слеат помалку две милијарди евра во 2015 година, а за да се надомести недостатокот, владата засега не предвидува зголемување на даноците. Наместо тоа владата се обврзува да заштеди една милијарда евра на сметка на трошоците на државата, како и во здраствената заштита.

Владата и понатаму смета да ги одржи своите цели за 50 милијарди заштеди предвидени до 2017 година, започнувајќи со заштеда од 21 милијарда во 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top