Водителката на ТВ „Алфа“, Анкица Стојановска Митровска и нејзиниот сопруг Иван Митровски, вчера за првпат станаа родители. Aнкица вчера на свет ги донесе двете близначиња, Ива и Марко.
– Денеска добивме благослов. Добивме два непроценливи ангели, дојдени на овој свет да ни донесат нова надеж, нова љубов и да не потсетат дека животот е убав. Со Марко и Ива ќе имаме полни раце работа и преполни срца со неизмерна љубов. Ваква радост, љубов и среќа посакувам сите да почувствувате!!! – напиша гордата мајка.
Анкица и Иван својата долгогодишна врска ја озаконија пред две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


