Наместо кон крајот на октомври, жителите на Канада вчера ги изненади првиот снег.
Како што велат од Националната метеоролошка служба, во неколку градови во провинцијата Алберта, конкретно во најголемиот Калгари, паднале меѓу пет и 10 сантиметри снег.
Југозападниот дел на Алберта вчера беше зафатен од студен бран, поради што дојде и до врнежи од снег.
Само еден ден претходно, во неделата, температурите во во овој реон достигнаа до 24 степени Целзиусови.
Обично првиот снег во Алберта доаѓа кон крајот на октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


