| четврток, 6 декември 2018 |

Борис Трајанов ќе ја прими титулата Национален уметник

Boris trajanov mali (3)

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во вилата „Водно“ свечено ќе му ја додели титулата Национален уметник на Република Македонија за 2014 година на оперскиот пејач Борис Трајанов.

Македонскиот баритон ја добива титулата на иницијатива на Македонската опера и балет, а согласно со Законот за национален уметник на Република Македонија.

Комисијата составена од академиците Катица Ќулавкова и Газанфер Бајрам, Оливер Белопета и Раде Силјан, по разгледувањето на пристигнатите предлози одлучила дека Трајанов ги исполнува критериумите утврдени со Законот за национален уметник.

Наградата е доживотен паричен надомест од 60 илјади денари месечно.

Борис Трајанов е четвртиот носител на ова највисоко признание од областа на културата. Добитници  досега се и пијанист Симон Трпчески, филмскиот режисер Милчо Манчевски и естрадниот уметник Есма  Реџепова.

Покрај претседателот Иванов, на церемонијата на доделувањето на наградата ќе се обрати и министерката за култура  Елизабета Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top