| четврток, 6 декември 2018 |

„На Македонија со љубов“-концерт на Борис Трајанов во МОБ

Во четврток, (24.12.) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, Националниот уметник на Македонија, баритонот Борис Трајанов, ќе го одржи својот јубилеен концерт, насловен „На Македонија со љубов“, со кој ќе одбележи, 30 години уметничка дејност.

Програмата за концертетот е: Избор на традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни.

Гости на концертот ќе бидат: ЈЕЛЕНА ВЛАХОВИЌ (мецосопран од Србија) и нашите првенци, ВЕСНА ГИНОВСКА-ИЛКОВА (сопран) и ЃОРЃИ ЦУЦКОВСКИ (тенор). Автор на сценариото за концертот е драматургот, БРАТИСЛАВ ДИМИТРОВ, додека наратор, актерот, ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ. Специјално за овој концерт се подготвени нови аранжмани на песните, чии автори се: ТОДОР ТРАЈЧЕВСКИ, ДАРКО МАРИНОВСКИ и СОНИ ПЕТРОВСКИ.  Балетски солисти се, ИВАНА КОЦЕВСКА и ДОЈЧИН ДОЧЕВ, од Бугарија. Концерт мајстор ќе биде, ВЕРИЦА ЛАМБЕВСКА, режисер е ДЕЈАН ПРОШЕВ, а диригент, гостинот од Србија, ЃОРЃЕ ПАВЛОВИЌ.

Во изборот на традиционални песни се наоѓаат најубавите наши бисери како: Сношти минав, Саноќ седам Трено, Си заљубив едно моме, Со маки сум се родил, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов и многу други. Ќе го слушнеме и познатото „Тешкото“ од балетот Македонска повест на Глигор Смокварски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top