Операта на сплитскиот Народен театар денеска ќе ја изведе операта „Магбет“ од Џузепе Верди. Во насловната улога ќе настапи македонскиот баритон Борис Трајанов, а улогата на Леди Магбет ќе ја толкува грчкиот сопран Софија Митропулос.
Медиумите во хрватска го најавуваат Трајанов како „баритон со исклучително богата кариера, пејач со деветстотини настапи во кои 40 баритонски улоги се од светската оперска литература, добитник на многубројни угледни признанија“.
Младиот сопран Митропулос улогата на Магбет првпат ја пеела во сплитска продукција во 2010 година. Тогаш критиката и дала највисоки оцени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.