| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ повеќе косовски момчиња заминуваат за Сирија

Косовски момчиња продолжуваат да заминуваат да војуваат во Сирија, независно од акциите на полиција и обвинителството, во кои беа уапсени повеќе од 40 џихадисти.

Деновиве за Сирија заминале две момчиња од Гњилане. Случајот во полиција го пријавиле нивните семејства, кои потврдиле дека момчињата стигнале во Истанбул, од каде планираат да влезат во Сирија. Полицијата почнала истрага.

Медиумите јавуваат за заминување на повеќе млади момчиња, но поради пријавата од семејствата официјално се знае само за двете момчиња од Гњилане, со иницијали Л.Д. и М.С. кои по нивната верска проповед и начинот на однесување (долга брада и куси панталони) од поодамна се знаело каде припаѓаат.

Портпаролот на косовската полиција, Брахим Садиу изјавил дека не сака да зборува за конкретни случаи, зошто нема точни информации, но признал дека во последно време има семејства кои пријавиле во полиција дека нивните деца заминале за Сирија.

Иако официјално се споменува бројка од 150 Косовци кои се борат на страната на ИД во Сирија и Ирак, неофицијално се споменува двапати поголем број. Досега потврдена е смртта на 17 косовски граѓани. Добар дел од косовските џихадисти таму се заедно со нивните деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top