Легендарната тенисерка Мартина Навратилова синоќа веднаш по полуфиналниот меч на УС Опен, ја запроси својата долгогодишна партнерка Јулуја Лемигову на стадионот Артур Еш во Њујорк.
По договор со организаторот, по мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори, на главниот семафор се појави Навратилова, која ја шокираше нејзината партнерка Јулија Лемигова подарувајќи и прстен.
– Долго време чекав да дојде вистинскиот момент да ја замолам Јулија да се венчаме. Мислам дека ова е вистинското место и вистинското време да го поставам прашањето, за среќа добив ДА за одговор – изјави Навратилова.
Навратилова и Лемигова се во врска нешто повеќе од шест години и живеат заедно во домот на 42-годишната Лемигова, заедно со нејзините две ќерќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.