| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Вардар триумфираа над Металург со 27:21(галерија)

Во првото официјално соочување сезонава, ракометарите на Вардар триумфираа со 27-21 над Металург и ги освоија првите бодови во СЕХА фронтот. Во пеколната атмосфера на Кале, црвено-црните доминираа во поголемиот дел од средбата.

varadr-metalurg-1

Вардарци како домаќини беа носители на фаворитската улога, а по извонредниот старт ја навестија добрата форма и го оправдаа епитетот. Гостите од Автокоманда не можеа да им дадат гол цели 12 минути, кога едноставно немаа решение за одбраната на тимот на Гонзалес. Червар комбинираше на различни позиции, но попусто. На голот се истакна извонредниот Арпад Штербик.

varadr-metalurg-10

Кога се чинеше дека работата е завршена, Металург во второто полувреме почна да го крши отпорот и да ја намалува предноста но во завршницата, Вардар повторно се пробуди и до крајот само рутински ја одржуваше.

varadr-metalurg-12

Во најголемото балканско дерби, листата на стрелци кај Вардар ја предводеше Сергеј Горбок со 9 голови, а Матјаж Брумен, Алекс Душебаев и Тимур Дибиров дадоа по 4. За Металург најефикасен беше Дејан Манасков со 6, пред Лука Циндриќ со 5.

varadr-metalurg-11

varadr-metalurg-13

varadr-metalurg-12

varadr-metalurg-9

varadr-metalurg-7

varadr-metalurg-5

varadr-metalurg-4

varadr-metalurg-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top