| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ му пречат инвестициите во образованието во Прилеп (видео)

СДСМ никогаш нема да признае дека конечно македонскиот образовен систем во Република Македонија оди напред и добива еврoпски предзнак, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој пат, голема дилема во редовите на СДСМ се новите учебници по предметите математика и природни науки за учениците од прво до трето одделение, додаваат оттаму.

Очигледно, никој во СДСМ не е информиран дека се воведуваат целосно нови наставни програми и учебници, адаптирани според наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ. Се работи за најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и над 9000 училишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top