| четврток, 6 декември 2018 |

Германија е „умерен оптимист“ за мир во Украина

Munich Security CenferenceГерманскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави на средбата на врвот на НАТО во Велс дека е умерен оптимист дека кризата во Украина се движи кон деескалација.

– Ќе биде добро и крајно неопходно да биде постигнат напредок во овие директни преговори, истакна Штајнамер.

Украинскиот претседател Петро Порошенко и главниот лидер на проруските бунтовници потврдија дека утре ќе наредат прекин на огнот доколку во Минск биде потпишан договор за нов мировен план за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top