СВР Куманово поднесе кривична пријава против 21-годишниот Е.К.од Куманово за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
Пријавениот на 15 август во семејната куќа во Куманово почнал вербална расправија со неговата мајка на која и побарал пари, но откако таа одбила да му даде, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што и одзел 200 евра, а потоа продолжил да ја удира нанесувајќи и тешка телесна повреда во пределот на главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.