Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен откако синоќа го совлада Енди Мареј со резултат 3-1.
Првите два сета се играа во тај брејк, а по еден доби секој од играчите. Во следните два, најдобриот светски рекет Ѓоковиќ беше подобар и ги доби со 6:2 и 6:4.
Неговиот ривал за влез во финалето Нишикори го победи третиот носител Стан Вавринка со 3:2 во сетови. Ова беше втор меч во серија Нишикори да го игра во пет сетови, откако претходно го победи и Милош Раониќ во осминафиналето. Ова за Нишикори е прво грен слем полуфинале.
На женските два четвртфинални дуела Серена Вилијамс ја победи Флавиа Пенета со 2:0 во сетови, а нејзина ривалка ќе и биде Екатерина Макарова, која со истиот резултат ја совлада Викторија Азаренка.
Вечерва се играат два четвртфинални меча кај мажите: Томаш Бердих – Марин Чилиќ и Рожер Федерер – Гаел Монфис
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


