| четврток, 6 декември 2018 |

И Албанци од Македонија финансирале џихадисти

IRAQ-UNREST
Основано се сомневаме дека за праќање на доброволци во Сирија се задолжени Бујар Хиса и Генц Бала, кои соработуваат со останатите екстремистите во земјата и на Балканот, во главно со државјани од Косово и Македонија, стои во извештајот.
Обвинителството за тешки кривични дела ги проверува и примањата на уапсените и нивните роднини. Во извештајот кој го објавиле ABC News, стои дека двата најважни контакта со Сирија во врска со финансиите се самопрогласените имами Генц Бала и Бујар Хиса.

Меѓу лицата кои се предмет на истрага се и жителот на Елбасан, познат под името Ебу Усејд, кој води неколку бизниси во Тирана и Елбасан, но не е единствената личност која плаќала патни трошоци до Сирија. Во дел од финансиската мрежа има и неколку државјани од Косови и Македонија, а нивните имиња не им се познати на властите.

“Основано се сомневаме дека за праќање на доброволци во Сирија се задолжени Бујар Хиса и Генц Бала, кои соработуваат со останатите екстремистите во земјата и на Балканот, во главно со државјани од Косово и Македонија”, стои во извештајот.
Според наводите на обвинителството, финансиерите покрај патните трошоци, плаќале и долгови на доброволците. Во неколку случаи Герт Пашја, кој бил уапсен во Турција и депортиран, плаќал разни трошоци на припадниците на семејствата на џихадистите.

Интересен е фактот дека доброволците имале и доволно пари за оружје.

Се очекува анализата на повеќе комерцијални сметки во банките да ја разоткрие мрежата на финансирање на овие групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top