| четврток, 6 декември 2018 |

Додовски: Заев не докажа дека имал основа да поверува во вистинитоста на тоа што го обелодени

Пресудата во случајот „Македонска банка“ во која премиерот Никола Груевски го тужи за клевета лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде објавена денеска во 15 часот.
Sudenje zaev gruevski 02 (Custom)
Во завршните говори полномошникот на тужителот Груевски, Никола Додовски, рече дека во овој случај се работи за една од најтешките облици на клевета сторени во нашата судска практика, а и не само во нашата.

– Тужениот, не само што не успеа да ја докаже вистинитоста на неговите изјави туку не успеа да докаже ниту дека имал основа да поверува во вистинитоста на тоа што го изјавил на неговите прес конференции, дури ни со доказите приложени од негова страна, изјави Додовски.

Тој уште еднаш нагласи дека целта на тужениот била само да ја уништи честа и угледот на премиерот Никола Груевски.
Sudenje zaev gruevski 03 (Custom)

Полномошникот Додовски предлага во пресудата да се земе предвид добрата имотна состојба на тужениот кој според македонските стандарди е доста богата личност. Според анкетниот лист тој има банкарски депозит од неколку милиони евра. Во пресудата предлага да не се земе само неговата плата како градоначалник на општина Струмица која во месец мај изнесувала 62.504 денари. Тужената страна предложи да не се земе исказот на сведокот Јовица Стефановиќ бидејќи тој бил сослушан само по предлог на една од страните, а предлогот за негово сослушување од тужената страна беше погрешен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top