
Во отсуство на релевантни информации и во обид да направат политичка штета на владеачката партија медиумите под контрола на СДСМ а финансирани од фондацијата Сорос постојано објавуваат информации за кои што подоцна се испоставува дека се лаги. Така на пример на почетокот на август порталот Либертас објави дека ВМРО ДПМНЕ на самитот за западен балкан во Берлин се подготвува да го промени името на државата.
Тогаш Либертас се повика на извори кои што биле релевантни а според порталот одлуката за промена на името веќе била донесена. Либертас тогаш тврдеше дека моментот за објавување на одлуката требало да биде Конференцијата на 28 Август односно на состанокот на премиерот Груевски со канцеларката Меркел.
Според информацијата наводно од релевантни анонимни извори велеше дека промената ќе била истурката зад затворени врати без присуство на јавноста. Истата тема и лажните информации подоцна беа преземени од други опозиционни медиуми па така истата во сличен формат ја објави и Плус инфо а во весникот Слободен печат каде исто како и во Плусинфо уредник е Бранко Геровски дури оваа шпекулација беше објавена на насловната страница.
Дваесетина дена подоцна јасно е дека во Берлин не се случил никаков конкретен разговор за името а уште помалку дека е донесена некаква одлука на таа тема но досега нема извинување за лажната информација. Единствената конкретна порака што дојде од германската канцеларка е пораката до македонската опозиција да се однесува конструктивно и да се врати во собранието, која што исто така беше предмет на манипулација на опозиционните медиуми.
Но лагата за Берлин не е крај на ефтината пропаганда на опозициските медиуми.
Откако во процесот за клевета која што го води премиерот Груевски против лидерот на СДСМ Заев за обвинувањето во врска со Македонска банка СДСМ доживеа невиден дебакл сега истите медиуми тврдат дека сведочењето на Газда Нини бил дел од некаков договор меѓу српската и македонската тајна служба.
Наместо да ја анализираат катастрофалната одбрана на СДСМ пред судот пред кој нивниот сведок Јовица Стефановиќ – Нини сведочеше контра тврдењата на Заев дека Груевски примил поткуп во случајот Македонска банка , опозициските медиуми сега тврдат дека Газда Нини сведочел така само затоа што според наводнниот договор тој во Србија ќе добиел поблага казна а за возврат Владата во Скопје ќе го ослободела српскиот егзарх Вранишковски.
Колку манипулациите на опозициските медиуми се провидни може да забележи секој што барем малку ја следи состојбата во Македонија. Само пред десетина дена на Вранишковски со одлука на Апелациониот суд му беше потврдена затворската казна од три години со која не постојат ниту теоретски шанси за негово ослободување од страна на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


