На интернет се појави видео на кое се гледа како човек заразен од ебола побегнал од карантинот во Монворија, со цел да најде храна. За среќа Лекарите успеале да го фатат и го ставиле во амбулантно возило.
Една од мештанките изјавила дека грижата за болните во карантинот е толку лоша, што немаат ни што да јадат.
„Пациентите се гладни, без храна и вода. Владата под итно мора да реагира“, рекла таа.
Повеќе од 1.550 луѓе во четири афрички земји починаа од тој вирус од почетокот на епидемијата во март. Во Либерија е најголема стапката на заразеност – со 700 смртни случаи и 1.327 сомнителни или потврдени случаи на зараза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


