Бастијан Швајнштајнгер e новиот капитен на германската фудбалска репрезентација, ова денеска го објави Јоаким Лев.
Швајнштајнгер, ќе го замени досегашниот капитен Филип Лам кој по завршувањето на Светското првенство во Бразил каде „панцирните„ триумфираа стави крај на репрезентативната кариера.
Сепак Швајнштајнгер кој во моментов има проблеми со повреда на коленото, капитенската улога ќе ја преземе подоцна, но не и на пријателскиот натпреварот со Аргентина кој ќе се игра утре.
На утрешната средба, која практично ќе биде реприза на мундијалското финале, улогата на капитен ќе ја има голманот Мануел Нојер.
Довербата од селекторот Лев, фудбалерот на Баерн Швајнштајнгер ја стекна пред се поради неговата решителност и големата помош за време на СП во Бразил, кога играчот од средниот ред и покрај повредата реши да игра во финалето со Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужива во белградските ноќи: Швајнштајгер во диско со шурата, Ана Ивановиќ дома со родителите
-
Бастијан Швајнштајгер сака да го види Нејмар во дресот на Баерн Минхен!
-
Го насмеа цел свет: Навивачка на Чикаго, а Швајни не го знае (ФОТО)
-
Ана Ивановиќ: Доста е скитање по светот, сега сакам дом и три деца!


