| четврток, 6 декември 2018 |

Бастијан Швајнштајгер сака да го види Нејмар во дресот на Баерн Минхен!

svajni i nejmar 1

Бастијан Швајнштајгер, некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, призна дека сака да го види Нејмар во дресот на германскиот шампион.

– Сакам да го видам Нејмар во дресот на Баерн Минхен, но не знам дали тој го сака истото. Јас сум голем фан на бразилскиот ас, не само заради неговите игри, туку и поради неговото однесување надвор од терените – вели Германецот.

Тешко веројатно дека оваа желба на Швајни може да стане реалност, бидејки трансфер-политиката на Баерн Минхен е сосема спротивна од онаа на другите гиганти кои се заинтересирани за доведување на Нејмар, односно, германскиот шампион треба да исплати неверојатни 200 милиони евра, што просто е невозможно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top